Пристигна потврда: Волво во своите автомобили ќе вградува Андроид

Точка

18/05/2017

20:06

1.961

Големина на фонт

а а а

Од Волво пристигна потврда дека во иднина ќе има блиска соработка со Google во развојот на иднага генерација на инфотејнмент системот кој најверојатно ќе работи на Андроид и ќе нуди разни апликации и услуги.

Ова партнерство сигурно носи револуција во начинот на кој што возачите на Волво ќе „комуницираат“ со својот автомобил. Големиот избор на популарни апликации ќе овозможат бројни напредни услуги во и надвор од автомобилот.

„Со соработката со Google правиме важен стратешки чекор. Google платформата и услугите ќе го зголемат корисничкото искуство и ќе овозможат поголема персонализација, додека пак Андроид оперативниот систем ќе ја зголеми флексибилноста од развојна гледна точка. Ќе понудиме стотици популарни апликации и најдобро интегрирано искуство во оваа широка онлајн околина“, изјави потпретседателот на одделот за истражување и развој во Волво, Хенрик Грин.

Самото користење на Андроид како оперативен систем во автомобилите на Волво ќе ја зголеми флексибилноста во развојот и ќе им понуди на корисниците можност за персонализација на онлајн искуствата во автомобилот.


„Воодушевени сме што во соработка со Волво, ќе го донесеме Андроид во нивната нова генерација на автомобили со пристап на интернет. Ова партнерство ни овозможува развивање на неограничено искуство за возачите на Волво преку целосно оформена инфотејнмент платформа и богатиот систем на Андроид апликации и Google услуги“, изјави потпретседателот за развој на Андроид при Google, Патрик Бреди.

Покрај тоа, Волво исто така соработува со Google на иницијативата за ажурирање на новите модели на Волво со додавање на Google Local Search апликацијата. На корисниците ова ќе им биде овозможено преку ажурирање на автомобилот со системот Sensus Navigation.



Спонзорирани линкови

Маркетинг