Берлин прва дестинација на Макрон

Макфакс

12/05/2017

13:47

1.062

Големина на фонт

а а а

Канцеларот на СРГ Ангела Меркел во понеделник во Берлин ќе го прими Емануел Макрон, само ден откако центристот ќе биде инаугуриран за претседател на Франција, пренесува AFP.

Средбата меѓу двајцата лидери ќе се одржи „во доцните попладневни часови во понеделник”, прецизира Штефан Зајберт, портпаролот на германската канцеларка.

Меркел ја поздрави победата на Макрон велејќи дека тој „носи надеж за милиони Французи, а исто така и многумина други во Германија и во Европа”. 

Берлин ќе биде прва станица на Макрон во својство на нов шеф на државата на Франција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг