Лучијано Спалети ќе биде новиот тренер на Интер?

Точка

10/05/2017

17:06

1.423

Големина на фонт

а а а

Интер синоќа го отпушти тренерот Стефано Пиоли и сега управата на клубот е во потрага по нов тренер.

Иако Интер најчесто се поврзува со Диего Симеоне и Антонио Конте, италијанските медиуми пренесуваат дека исто така, голема е веројатноста во Милано наскоро да пристигне и актуелниот тренер на Рома, Лучијано Спалети.

Наводно деновиве поранешниот спортски директор на Рома, Валтер Сабатини ја прифатил понудената работа од Интер, а тој наскоро ќе започне да преговара со својот пријател Спалети за превземање на тренерската позиција кај „Нераѕурите“.

Самиот Спалети најави дека е можно да ја напушти Рома. Неговиот договор истекува по крајот на сезоната и со оглед на тоа што нема намера да го продолжи, голема е веројатноста наскоро да го напушти „Олимпико“.