Макрон против договорот склучен меѓу Ширак и Блер

Макфакс

09/05/2017

15:42

964

Големина на фонт

а а а

Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон сака да го раскине договорот со Велика Британија за граничната контрола меѓу двете земји, потпишан во февруари 2003 година, тврдат дел од лондонските весници.

Според овој договор, потпишан во одморалиштето Ле Туке на Ла Манш од поранешниот француски претседател Жак Ширак и од тогашниот британскиот премиер Тони Блер, контролата на патниците и стоката за влез во Велика Британија се извршува во Кале и Данкерк на француска територија, а за оние кои патуваат кон Франција и Европа во Лондон или во Довер.

Во текот на кампањата за претседателските избори, Макрон ветуваше прекинување со досегашната пракса, најавувајќи дека доколку биде избран за претседател, во иднина секоја од земјите на своја територија ќе врши гранична контрола и контрола на движењето на лугето. 

Лондонските медиуми забележуваат дека на ова не треба да се гледа како на предизборна реторика затоа што Макрон уште како министер за економија во француската влада говореше против договорот од Ле Туке. 

Според лондонските весници, тоа може да предизвика создавање камп од типот на „Џунглата“ кај Довер или Фолкстоун на британскиот брег од Ламанш. 

Британската опозиција ја обвинува Меј и остро им забележува на конзервативците што со Брегзит придонесуваат за загрозување на безбедноста на земјата и во основа не прават ништо за имигрантската политика. 

Истражување направено во Довер покажува дека 95 отсто од жителите на овој пристанишен град и неговата околина се против раскинување на договорот од Ле Туке.



Спонзорирани линкови

Маркетинг