Макрон веќе не е партиски лидер

Макфакс

09/05/2017

12:54

518

Големина на фонт

а а а

Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, поднесе оставка на местото претседател на движењето „Ан марш!“ („Одиме!“), кое самиот го основаше пред неколку месеци.

Макрон во неделата победи во вториот круг од претседателските избори во Франција, а оставката следуваше само еден ден по убедливата победа над противкандидатката Марин Ле Пен од ултрадесничарскиот табор.

Француските медиуми јавуваат дека Ришар Феран, генералниот секретар на движењето на Макрон, им се забрагодарил на поддржувачите, чиј број достигна околу 285.000, по што одржал конференција за новинари за да ја соопшти оставката на Макрон на функцијата претседател на движењето, што ја поднел на „вонредниот состанок на управниот одбор“. 

За привремен претседател на движењето „Одиме!“, кое Макрон го основаше во април 2016 година, именувана е Катрин Барбару. Поранешниот француски премиер Мануел Валс изјави дека ќе го поддржува политичкото движење на избраниот претседател на претстојните избори во јуни, за долниот дом во парламентот. 

„Сакам да се приклучам на неговото движење и да бидам нивни кандидат на претстојните парламентарни избори“, изјави тој. Макрон претходно најави дека половина од кандидатите на тие избори ќе бидат нови имиња во политиката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг