Нејмар и Рафаела се во многу блиски односи, за што сведочи и податокот дека фудбалерот го истетовирал лицето на својата сестра на рамото.
Нејмар на својот профил на Инстаграм објавил фотографија со својата сестра Рафаела во Лондон.
Се пишува дека Рафаела Бекран, сестра на фудбалерот на Барселона, од неодамна е во врска со 25-годишниот фудбалер на Сантос, Лукас Лима. Лима и Нејмар не играле заедно во Сантос, но од пред неколку месеци се соиграчи во бразилската репрезентација.
Рафаела и Лима неодамна заедно го посетиле Дизниленд. Повеќе од очигледно е дека Лима не е успешен само на теренот, бидејќи успеал да го освои срцето на девојката по која воздивнуваат многу мажи ширум светот.