Американската амбасадорка во ОН повторно со закана до Сирија: Можеме да сториме нешто повеќе од бомбардирање...

Точка

08/04/2017

11:30

1.262

Големина на фонт

а а а

Американската морнарица во петокот рано наутро ја бомбардираше сириската воздушна база Шајрат од двата разурнувачи распоредени во источниот дел од Средоземното море.

САД превзедоа многу одмерен чекор кој е „целосно оправдан“ кога одлучија да изведат ракетен напад во Сирија поради смртоносниот напад со хемиско оружје, соопшти американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли.

„Ние сме подготвени да сториме и повеќе, но се надеваме дека тоа нема да биде неопходно“, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации за време на итниот состанок во Советот за безбедност, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

„САД нема да стои на страна кога се употребува хемиско оружје. Во витален интерес на нашата национална безбедност е да спречиме ширење и употреба на хемиско оружје“, порача Ники Хејли.


Американската амбасадорка меѓу другото порача дека САД инсистирале седницата на Советот за безбедност да биде отворена, за „секоја земја која што ќе одлучи да ги брани злосторствата на сирискиот режим тоа да мора да го направи пред очите на светската јавност, целиот свет да го види тоа“.

Инаку, вондредната седница во Советот за безбедност при Обединетите нации е свикана по повод американскиот напад на Сирија кој беше нареден од американскиот претседател Доналд Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг