Путин: Американскиот напад на Сирија е агресија над суверена држава

Макфакс

07/04/2017

10:20

514

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин верува дека американскиот напад на сириските воени постројки претставува агресија против суверена држава, изјави денес портпаролот на Кремљ Димитри Песков.

„Претседателот Путин нападите ги смета за агресија врз суверена држава“, рекол Песков. Според неговите зборови, Путин верува дека нападите го кршат меѓународното право. Песков тврди дека сириската војска не поседува хемиско оружје.

Тој додаде дека нападите врз Сирија всушност се обид да се пренасочи вниманието од цивилните жртви во Ирак. 

„Овој чекор им нанесе голема штета на руско-американските односи, кои веќе беа очајни“, рече тој. 

Портпаролот на Пентагон, капетан Џеф Дејвис изјави дека војската на САД однапред ги известила руските сили за нападот врз сириската воздухопловна база и дека во текот на нападот не се погодени делови на базата во кои наводно има Руси, а државниот секретар на САД Рекс Тилерсон тврди дека Вашингтон не побарал никаква дозвола од Москва, пренесува Reuters. 

Капетанот Дејвис навел дека американската војска имала повеќе разговори со руските сили пред нападот, користејќи линија за комуникација која претходно била поставена со цел да се спречат случајни конфликти во Сирија, во текот на борбата против Исламската држава. 

Агенцијата Reuters цитира француски дипломатски извори кои наведуваат дека државниот секретар на САД Тилерсон, во разговор со министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Марку Еро, рекол дека Вашингтон планира да ги координира нападите со своите сојузници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг