Со само 19 години, таа дава се` од себе за да покаже што повеќе кожа, а нејзиниот главен пример е Кајли Џенер.
Младата актерка Ариел Винтер сите ја знаеме како симпатичната „бубалица“ од хумористичната серија „Модерно семејство“. Но, годините поминуваат, Ариел порасна и одлучила дека повеќе сака да глуми заводничка, и тоа во реалниот живот.
Провокативните модни комбинации се нејзино секојдневие, но за прв пат отишла толку далеку. Ние би рекле, навистина предалеку!
Имено, младата Ариел прошетала во центарот на Лос Анџелес облечена во бела ролка без ракави и без градник. За да го „покрие“ долниот дел од телото обрала тексас шорцеви во микроскопска големина, практично невидливи, а сето тоа го искомбинирала со бели патики.
Инаку, Ариел направила операција за намалување на градите, па затоа можеби ќе и` ја „простиме“ белата маица – сигурно конечно сакала да ја почувствува слободата додека шетала низ градот без градник.
Но, овие минијатурни шорцеви навистина не можеме да и` ги прогледаме „низ прсти“.