[ВИДЕО] Рецепт за полнети ѓевречиња: Меки како памук, а се подготвуваат брзо

Точка

03/07/2025

16:00

1.032

Големина на фонт

а а а

Денеска ќе ви го пренесеме најдобриот рецепт за полнети ѓевреци за кој веруваме дека многу ќе ви се допадне.

Состојки:

- 40 грама свеж или 10 грама сув квасец;
- 1 лажица шеќер плус една лажица брашно;
- 250 плус 300 милилитри топла вода;
- 1 килограм меко брашно;
- 50 плус 20 милилитри масло;
- 1 јајце.

Фил:

- 500 грама свежо сирење;
- 300 грама шунка;
- 100 грама тврдо сирење.

Подготовка:

Помешајте го квасецот, шеќерот и лажицата брашно, налејте 250 милилитри вода, измешајте и оставете додека ги подготвувате другите состојки.

Во сад за мешање ставете го брашното, додадете сол и измешајте, додадете го квасецот, останатата вода и 50 милилитри масло, па мешајте, а потоа замесете го тестото.

На крајот од мешањето додадете го останатото масло, па оставете го тестото на топло место 30-60 минути да отстои.

Тестото малку размесете го, па поделете го на 12 еднакви делови и од секој дел обликувајте топка, покријте ги со крпа и оставете да отстојат.

Изрендајте го сирењето и шунката, па додадете го свежото сирење, посолете и измешајте.

Секој дел од тестото развлечете го, а со прст направете дупка на средина, околу дупката ставете од филот.

Распоредете ги ѓевречињата во плех за печење и намачкајте ги со јајце, па оставете ги 20-30 минути да отстојат.

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени Целзиусови, па оставете да се печат 20 до 22 минути.

Откако ќе се испечат премачкајте ги со путер.

На здравје!