Погледнете ги досега невидените снимки на славниот актер и најдобриот „Џокер“, кој почина пред девет години.
Само еден ден откако Хит Леџер би го прославил својот 39-ти роденден, беше објавен трејлер за документарниот филм насловен „Јас сум Хит Леџер“(I am Heath Ledger), кој ќе биде премиерно прикажан на крајот од овој месец.
Документарниот филм ќе ни претстави досега невидени снимки од славниот актер, а голем број од нив самиот Хит лично ги снимил, бидејќи ја сакал фотографијата и видео продукцијата и често се снимал „за своја душа“.
Разговорите со семејството и пријателите, но и со познатите колеги, ќе ни откријат како многумина од нив го гледале талентираниот актер кој прерано не` напушти, а за последната улога доби и постхумен Оскар.
Во продолжение погледнете го трејлерот за филмот кој ќе ги трогне и најсилните...