Момчето кое го расплака светот во филмот „La vita e bella”, пораснало во вистински фраер

Точка

31/03/2017

17:10

5.009

Големина на фонт

а а а

Многумина се` уште го паметат едно од најголемите италијански филмски остварувања, филмот „La vita e bella”, кој и ден денес измамува солзи на очите.

Момчето Џошуа кое во филмот го глумеше Џорџо Кантарини ги освои срцата на луѓето ширум светот и стана глобална сензација. Неговиот татко Гвидо го олицетвори познатиот италијански актер Роберто Бењини. Џорџо денес има 24 години и се` уште сака да оствари филмска кариера.


Џорџо имал само 5 години кога бил снимен филмот, а со искреноста и невиноста на неговиот настап остана запаметен во филмската историја.

Кантарини го глумел и синот на Максимус во „Гладијатор“, а во 1998 година освоил награда за најдобар млад уметник.


Сепак, се чини дека овие две улоги во големи филмски хитови не му овозможиле понатамошен успех на младиот актер кој не добил поголем филмски ангажман после споменатите филмови. Џорџо моментално е активен во театарот, но се надева на други, поголеми филмски остварувања.