[ФОТО] Синот на преубавата Софија Вергара има 34 години и е нејзина машка верзија: Убавец каков ретко се гледа, еве со што се занимава

Точка

14/06/2025

14:53

2.666

Големина на фонт

а а а

Иако се обидел да влезе во водите на водителството и глумата, Маноло, синот на популарната актерка Софија Вергара, ја пронашол среќата на други полиња.

Софија Вергара, колумбиска актерка со адреса во Холивуд, изминативе години се нашла на мета на таблоидите откако се разведе од Џо Манганиели, а самата таа признала дека нивниот брак завршил затоа што актерот сакал деца.


Додека тој сѐ уште не се остварил во улогата на татко, Софија е горда мајка на едно возрасно момче и вели дека сега е време да биде баба, а не мајка на бебе. Синот Маноло е нејзиниот цел свет. Вергара синот го добила многу млада, на само 19 години, додека била во брак со првиот сопруг Џо Гонзалес.

Со што се занимава синот на Софија Вергара?

Маноло денес е 34-годишно момче, а тој е партнер на неговата мајка на проектите. Тие заедно го основале брендот за продажба на латино-американски специјалитети „TOMA Empanadas“.

Тој иницирал и бренд за постелнини, облека и аксесоари за кучиња „CANINI by Baguette“, а се појавил и во повеќе филмови и реклами.

Со оглед на тоа како изгледа, не е изненадувачки што постигнал успех во индустријата на забавата, Маноло ја наследил убавината на мајка му, па многумина веруваат дека би можел далеку да стигне доколку повеќе го користи својот изглед како адут.

Покрај тоа, синот на Софија е одличен готвач и често на социјалните мрежи споделува фотографии и видеа како прави храна како професионален готвач.


„Научив да готвам од потреба... Мојата мајка воопшто не готви. Мрази да поминува време во кујната“, открил Маноло своевремено.