Патничко моторно возило „Голф“, ноќеска околу 1 часот било опжарено во Охрид, соопштија од СВР Охрид. Пожарот бил локализиран од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид.
СВР Охрид презема мерки за расветлување на сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и пронаоѓање на сторител кој предизвикал опожарување на патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски таблици.
„Казненото дело е сторено на ден 31 март оваа година околу 01 часот на улицата „Климентов Универзитет“ во Охрид. Од извршениот увид на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште, кровот и задниот лев трепкач“, се вели во соопштението на СВР Охрид.