Зоран Заев и СДСМ мора час поскоро да ја сфатат сериозната закана за Македонија која постои од Тиранската Платформа, порача во вторник на прес конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев и СДСМ колку и да се уценети за своите криминали треба да застанат зад унитарна и мултиетничка Македонија, а не да најавуваат дебати и експертизи на партиски експерти за точките од Платформата“, рече Данев.
Според него, излез од политичката криза е Заев да се откаже од Платформата, а ВМРО-ДПМНЕ да му даде поддршка за формирање на влада или, пак, да се одржат нови избори.