Пуштено е во употреба реновираното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

Макфакс

16/10/2026

11:50

151

Големина на фонт

а а а

По 50 години беше обновено и пуштено во употреба основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населба Ченто, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски кој го потенцираше значењето на реновирањето и подобрувањето на условите за учениците.

По 50 години откако е изградено, денеска беше пуштено во употреба реновираното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населба Ченто. На отворањето присуствуваше и премиерот, Христијан Мицкоски.

„Ова се моменти кога сето она што го почнувате гледате како има форма и суштина. И навистина за мене претставува задоволство да заедно со градоначалникот, со министерката, со пратениците, со граѓаните, советниците на Општина Гази Баба бидеме присутни овде и да го пуштиме овој објект којшто го започнавме“, рече Мицкоски.

Според него, значајно е тоа што училиштето се реновира по 50 години.

„Значаен е уште повеќе затоа што до пред некоја година овде постоеја само бараки коишто се оставени тука од времето на земјотресот практично, 50 и повеќе години, децата учеа во би рекол субстандардни услови, за разлика од тоа што денес може да го видите, навистина едни европски услови“, рече Мицкоски.

Додаде дека остануваат уште некои детали, на пролет да зазелени, оградата да се смени и паркингот за вработените.