Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка

Макфакс

15/10/2026

13:40

200

Големина на фонт

а а а

Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, обвини Клементина Брзаковска, претседателка на Комисија за животна средина на ОК Центар на СДСМ.

„Денес сме на Водно, на улица Партение Зографски 31, каде што жителите алармираат дека се копа и се гради во непосредна близина на главната водоводна цевка. Стравуваат дека градежните активности може да предизвикаат сериозни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Според жителите, проблемот повеќепати бил пријавуван во Општина Центар, но надлежните не излегле на терен. Господине Герасимовски, колку пријави треба да поднесат граѓаните за конечно да реагирате? Дали треба да настане штета, па потоа да преземете нешто?“, рече таа.

Брзаковска прашува дали е точно дека Општина Центар во моментов има еден градежен инспектор, кој е на боледување, додека останатите ја напуштиле работата и дали причината за нивното заминување се евентуалните притисоци и од кого?

„Господине Филипче, господине Горан Бетон Герасимовски, ве повикуваме да дојдете на оваа локација, да разговарате со жителите и да објасните кој ја контролира изградбата и кој ја гарантира безбедноста на водоводната инфраструктура. Господине Филипче, ве повикуваме заедно со Горан Бетон Герасимовски симболично да ги вадиме тулите од овој објект, за кој жителите сметаат дека е спротивен на нивните интереси. Ветувавте хумана урбанизација, а денес граѓаните бараат одговори и конкретни дела“, рече Брзаковска.