Во светски рамки, почетокот на интернетот датира од 60-тите години на минатиот век, при креирањето на таканаречената мрежа за целите на Американското министерство за одбрана, а како официјален почеток се смета создавањето на TCP/IP протоколот за комуницирање на големи растојанија во 1983-та година.
Комерцијалната употреба на интернетот доживува ескалирачки пораст во средината на 90-тите години со создавањето на world wide web сервисот.
Основата за развој на интернетот кај нас започнува со воспоставувањето на македонската јавна мрежа за пренос на податоци со комутација на пакети МАКПАК, која е изградена од страна на Македонски пошти и телекомуникации. Мрежата овозможувала поврзување на компјутерската и терминалската опрема преку DPN-100 и Motorola Codex модемите. Следејќи ги ефектите во светот, како последица на развојот на интернетот во почетокот на 90-тите години, ПТТ Македонија на почетокот од 1995-та година го презема првиот чекор за поврзување на интернет. Воспоставувајќи врска со MCI Communications, комерцијалниот интернет во Македонија официјално започнува да функционира на 7-ми декември 1995-та година преку dial-up пристап.

Денес интернетот е огромна комуникациска мрежа која не само што го олесни начинот на комуницирање туку стана незаменлива услуга без која домаќинствата не можат да издржат ни ден.Покрај основната намена, интернетот се претвори во место за едукација, забава, служи како главен комуникациски инструмент во општеството, овозможува формирање на дигитален пазар. Едноставно кажано, интернетот целосно го промени функционирањето и одвивањето на секојдневниот живот на луѓето, како и целокупната организација и операциите на бизнисите од сите сфери.
Развивајќи ја најголемата алтернативна оптичка мрежа во државата и постојаното зголемување на мрежната покриеност, независниот домашен телекомуникациски оператор Неотел нуди исклучително привлечни понуди за сите корисници кои имаат потреба од брза и стабилна конекција. Почнувајќи од телевизија со многубројни можности во пакет со стабилен интернет и телефонија, преку WiMAX безжиченинтернет па се до сопствена гигабитна (Gbps) пасивна оптичка мрежа, Неотел нуди бројни супериорни услуги. Високопрофесионалниот тим на Неотел им стои на располагање на сите приватни и деловни корисници во изборот на пакет услуги според нивните индивидуални потреби, а техничкиот тим со најдобрата поддршка да обезбеди постојана и сигруна услуга.