Паника во Германија: Итна евакуација на граѓаните поради хаварија во хемиска фабрика

Точка

16/02/2017

12:42

3.181

Големина на фонт

а а а

По протекувањето од еден од резервоарите во хемиската индустрија во Оберхаузен, во тој град била наредена евакуација на населбите во близина на фабриките.

Пожарникарите ја евакуирале околината, а локалното население е предупредено да не ги напушта домовите и да ги затвори вратите и прозорите.




"При пукањето на резервоарот се создаде облак со отровен гас, а течноста истекла во безбеден базен, од кој се испумпува", соопштил портпаролот на пожарната служба.




Резервоарите се сместени во фабриката Хем Чемие и можат да примат околу 600 кубика 96-процентна сулфурна киселина, но сега се празни.




Портпаролот на фабриката, Јерг Преснер, вели дека се работи на тоа да се намали испарувањето од резервоарот. Засега нема повредени во инцидентот, но надлежните побарале помош од соседните градови.




Покрај евакуацијата, неколку патишта кои минуваат покрај фабриката се затворени, а погоден è и железничкиот и речниот сообраќај.