Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: Загина охриѓанка, возачот е уапсен

Макфакс

20/06/2025

13:00

1.914

Големина на фонт

а а а

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот И.С. од село Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците 44-годишната А.Б. од Охрид и 52-годишниот Д.П. од Скопје.

Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт.

Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник, 19-годишниот К.М., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик.