"Quetzal", удобна фотелја инспирирана од тропска птица

DesignMK

03/08/2016

16:20

1.634

Големина на фонт

а а а

На прв поглед фотелјата "Quetzal" наликува на широка чинија со вкусни парченца праска или манго.

Оваа удобна егзотична фотелја е инспирирана и именувана од истоимената тропска птица која живее во централна Америка.


Дизајнирана од францускиот дизајнер Марк Вено за шпанската компанија за мебел „Missana“, оваа егзотична фотелја се состои од еднобојна кружна основа со 14 слоеви перници кои се преклопуваат меѓусебно, правејќи ја фотелјата да изледа како отворен цвет или отворена лепеза. Перниците се замислени како пердувите на птицатa, отворени и колоритни. Перниците доаѓаат во пoвеќе различни бои, секоја перница е двобојна, така што ликот на фотелјата може повремено да се менува и да го освежи ентериерот.


Фотелјата има современ дизајн и со својот удобен лик мами да се нурнете во нејзината прегратка со добра книга.