Забавен детски кревет во форма на винтиџ "Волксваген" комбенце

DesignMK

18/07/2016

16:31

6.521

Големина на фонт

а а а

Дизајнирањето за деца секогаш бара вклучување на оној најслободен, неограничен дел од фантазијата, делот што мисли дека сè е можно.

Токму тој дизајнерски дел доведе до игривиот детски кревет што носи на бескрајни патувања низ детскиот свет, креветот „Bun Van“, креиран по модел на познатото бело-сино винтиџ-комбе на „Волксваген“.



Комбенцето, препознатливо по летни сурферски и хипиавантури од 50-тите и од 70-тите, сега преку дизајнерскиот потег на студиото „Circu“ може да биде дел од сечија детска соба и детски авантури и игри. Спиењето со него станува 10 пати позабавно бидејќи децата може да си замислат дека се на патување околу светот во некоја од своите приказни и игри.


Креветот ја има истата форма на комбето, со тоа што во внатрешниот дел е поставен удобен детски кревет. Овој детски кревет е изведен од фиберглас однадвор, додека, пак, внатрешниот дел е изведен од иверица. Комбенцето е како цела соба, има кревет, телевизор, минибар и удобна софа за читање и игра.

Ваквото детско парче мебел веднаш станува дел од детската игра и фантазија, вклопувајќи се совршено во секој детски ентериер.