Со помош на овој уред, на навистина забавен начин, едноставно ќе можете да направите ваше домашно произведено пиво.
Уредот BrewArt е дело н Скот Херис и Пол Бурж, вработени во Coopers пиварата, а станува збор за посебен систем за производство на квалитетно домашно пиво. Идејата ја добиле пред осум години кога пораснала популарноста на уникатните пива од „микро пиварниците“.
„Сакавме луѓето да пијат помалку, но поквалитетно. Малку истражувавме и заклучивме дека на некои луѓе треба да им овозможиме самостојно да произведуваат пиво и притоа добро да се забавуваат“, велат за својата идеја творците на BrewArt.
BrewArt се состои од две единици, BeerDroid кој може да произведе и до 10 литри пиво и BrewFlo дозер со капацитет од пет литри и со посебна терморегулација. BeerDroid е поврзан со бежичен интернет, што значи дека преку паметниот телефон ќе можете да го надгледувате процесот на ферментација дури и кога не сте дома.

Апликацијата по завршувањето на целиот процес ќе ве извести кога пивото е готово, а ако не сакате веднаш да го пиете домашното пиво, уредот ќе започне да го лади.
Истоимената компанија BrewArt ги продава и состојките кои се потребни за производство на домашното пиво, како и BrewPrints пакувања за оние кои што сакаат да направат реплика на своето омилено пиво.
Овој уред ќе се појави на пазарот кон средината на јули во Австралија и ќе се продава по цена од 799 австралиски долари за BeerDroid и 699 австралиски долари за BrewFlo, а веднаш потоа би требало да се појави во продажба на пазарот во Соединетите Американски Држави и Велика Британија.