Зошто некои производители ги избегнуваат водоотпорните телефони?

Точка

21/06/2016

13:17

3.340

Големина на фонт

а а а

На пазарот има многу модели на паметни телефони, но само некои од нив се водоотпорни. Зошто тоа го избегнуваат некои компании, одговор на ова прашање се обиде да даде основачот на Xiaomi.

Да, моментално од премиум телефоните, само телефоните Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge на Самсунг се водоотпорни.



Освен телефоните на Самсунг, тука се и телефоните на Sony од Xperia Z серијата кои исто така се водоотпорни (иако од компанијата ги изнеадија своите корисници кога им порачаа дека иако нивните телефони е водоотпорни, паметно би било да не ги користат под вода?!), а производителите како што се Motorola и HTC ставаат одредена заштита за вода, но тоа не ги прави нивните уреди водоотпорни.

Една од компаниите кои што никогаш не понудиле водоотпорен паметен телефон е Xiaomi. Основачот на кинеската компанија – Лин Џун објасни зошто е тоа така, односно зошто неговата компанија никогаш на корисниците досега не им ја понудила таа можност.

Една од главните причини е тоа што и најмалото оштетување на уредот би влијаело на водоотпорноста.


Покрај тоа, изработката на паметен телефон кој е водоотпорен чини многу повеќе. Лин вели дека во компанијата Xiaomi би можеле да започнат да размислуваат за производство на водоотпорни паметни телефони, кога купувачите би биле подготвени да платат 20 или 30 проценти повисока сума за телефонот, колку што изработката би чинела.

Додека тоа не се случи, корисниците на Xiaomi уредите ќе мора повнимателно да ги користат своите телефони и да избегнуваат користење на телефоните на дожд.