Самсунг претстави нови паметни телефони од серијата Galaxy C

Точка

27/05/2016

18:30

2.921

Големина на фонт

а а а

Телефоните доаѓаат со екрани со дијагонала од 5,2, односно 5,7 инчи и нивната цена изнесува околу 330 долари за моделот С5, односно нешто помалку од 400 долари за С7.

После претставувањето на своите најмоќни и најпопуларни овогодишни модели - Galaxy S7 и S7 Edge, Самсунг оваа седмица ги претстави телефоните од средна класа од серијата Galaxy С кои се наменети за корисниците кои сакаат солидни мобилни уреди со релативно пристапна цена.

Продажбата на С5 и С7 наскоро започнува во Кина, а се очекува набрзо потоа телефоните да бидат пласирани на останатите пазари ширум светот.


С5 доаѓа со метално куќиште и екран со дијагонала од 5,2 инчи (станува збор за Full HD Super AMOLED екран), процесор Snapdragon 617 и располага со 4 GB RAM меморија и 32 GB интерна меморија која што може да се прошири со дополнителна microSD картичка со капацитет до 128 GB.

Резолуцијата на камерата изнесува 16 мегапискели на задната, додека на предната страна има камера од 8 мегапиксели. Овој телефон исто како и моделот С7 работи на Андроид оперативниот систем - верзија 6.0 Marshmallow и двата модели имаат сензор за отпечатоци на прсти.


Моделот С7 е „фаблет“ кој покрај поголемиот екран, располага со помоќен хардвер. Екранот му е со дијагонала од 5,7 инчи (исто така има Full HD Super AMOLED екран), работи на 2.0 GHz Snapdragon 625, има 4 GB RAM меморија и камера со резолуција од 16 мегапиксели, односно 8 мегапиксели.

С7 има интерна меморија од 32 и 64 GB, а покрај тоа што слотот може да се искористи за microSD, тој исто така може да биде искористен и за уште една SIM картичка.