Најморничавото девојче од хорор филмовите порасна и сега мами воздишки

Точка

26/05/2016

17:50

12.241

Големина на фонт

а а а

Изабел Ферман која ја глумеше посвоената Естер во филмот „Сираче“ беше еден од најморничавите ликови во психолошките хорори кои ги имаме гледано. Денес таа има 19 години и изгледа неверојатно добро.


Филмот „Сираче“ (Orphan) не би го ни запомниле да не беше Изабел во него. Таа ја држи целата приказна со својата морничава појава и глума. Изразите на лицето од кои ви смрзнува крвта во вените и ужасниот тон со кој им се обраќа на останатите ликови во филмот се доволна причина за да го изгледате.

Во времето на снимањето на филмот Изабел имала 10 години.


Оваа година Ферман наполнила 19 години и дури откако добро ќе ја погледнете, во неа ќе го препознаете она ужасно девојче од филмот.


По филмот „Orphan” таа глумеше во серијата "Ghost Whisperer" и во филмот " The Hunger Games".