Еве како муслиман стана градоначалник на Лондон

Точка

11/05/2016

10:33

14.241

Големина на фонт

а а а

Додека успехот на Садик Кан во Пакистан се гледа како доказ на британската толеранција, вистинската причина за неговата победа можеби се крие во демографската слика на британската престолнина.

Прв пат во историјата избирачкото тело во Лондон е составено од мнозинство кое што има странско потекло, односно само 45% од граѓаните на Лондон се со длабоки британски корени.

Никогаш порано двајца политички ривали во толкава мера не ги отсликувале лондонските крајности. Од една страна беше Зак Голдсмит, син на банкарска династија и британската аристократија, дечко образован во најдобрите приватни училишта и израснат во прекрасните зеленила во богатиот град Ричмонд.

Од друга страна Садик Кан живеел во семејство која што непосредно пред неговото раѓање пристигнала во Лондон од пакистанскиот град Карачи. Неговиот татко - возач на автобус и неговата мајка која била кројачка, му пружиле на Садик скромно детство во социјален стан сместен во едно од најсиромашните лондонски предградија.


Додека Пакистанците го величат Кан и сметат дека неговиот избор за градоначалник на Лондон е доказ за британската толеранција, вистинската причина за неговиот избор би можела да лежи во демографската слика на градот. За прв пат во историјата, гласачкото тело на Лондон е составено од мнозинство на граѓани со странско потекло, односно 45% од граѓаните може да се каже дека се „вистински“ Британци.

Канцеларијата за национална статистика, новата слика на граѓаните на Лондон ја опиша како „доказ за дизерсификации и промени во градот“. Со 55% Британци кои што доаѓаат од имиграциски семејства, Садик Кан на некој начин претставува огледало на градот. Британија со околу 3 милиони граѓани со муслиманска вероисповед е горда на степенот на остварена интеграција која што се смета за далеку поуспешна од некои останати големи градови во Европа, како на пример Париз.

Но, истражувањето на "ICM" во соработка со телевизиската мрежа "Canal 4" донесе неочекувани резултати. Големата анализа покажала дека повеќето од половина Лондончани кои што немаат британско потекло живеат поизолирано од нивните англиски сограѓани.

Само еден од десет британски муслимани, на пример, стапува во брак со лице од некоја друга вероисповед и етничка група, а само 3% од нив имаат деца. Еден од пет муслимани никогаш не бил толку близок со Британец за да може да го повика во својот дом и обратно.


Два од пет испитани британски муслимани - жена и маж - веруваат дека жената треба да му биде покорена на мажот. Иако полигамијата е незаконска во Велика Британија, еден од тројца британски муслимани ја поддржува идејата мажот да има повеќе од една жена. Повеќе од 50% од испитаните се противат на бракови помеѓу лица со ист пол. Во земја која што се гордее со својата „древна демократија“, дури една четвртина од испитаните муслимани би сакале во Британија да се воведе шеријатскиот закон.

Отворање на вратите

Соговорниците потврдуваат дека нивните животи во Лондон се затворени во нивните етнички заедници. Експерт за човекови ресурси, Мохамед Тусеф говори дека во своето соседство во северен Лондон се дружи исклучиво со британски Пакистанци, односно муслимани. Неговите деца одат на училиште со нивните деца, а неговиот круг на пријатели го сочинуваат доселеници. Тој се согласува дека таквиот „изолиран“ живот не е здрав за иднината на градот. Во изолацијата на исламските кругови, екстремистичките кампањи не се реткост.

Може ли Садик Кан да биде клучот кој ќе ја отвори вратата на затвореното општество на британските муслимани?

„Ако постои човек на кого тоа може да му успее, тогаш тоа е тој. Тој може да биде посредник помеѓу различни групи на граѓани. Не само затоа што со својот пример докажа дека и како имигрант муслиман може да се успее меѓу британската политичка елита, туку и од некои поедноставни причини“, говори Сарвар Каваја, писател, аналитичар и основач на „Светскиот конгрес на Пакистанци во странство“.


„Садик е еден од нив, тој ги познава, тие можат да се препознаат во него. Тој ги познава сите џамии, редовно ги посетува, тој ги познава тие луѓе. Тие го говорат истиот јазик, ја носат истата облека и ја јадат истата храна како Садик. Така да тој ги разбира и со нив отворено може да разговара за сите проблеми. Интеграцијата е голем проблем, Пакистанци се дружат со Пакистанци, Индијци со Индијци. Покрај тоа, медиумите константно создаваат чувство за страв и тоа не е здраво. Но, сигурен сум дека исламофобијата не е дел од менталитетот на Британците“, додава Каваја.

Лондон заслужува да биде првата европска метропола со градоначалник муслиман, говори Малик, затоа што Лондон со векови е град на различности, град на толеранција. Сепак, со текот на времето симболиката на неговиот избор ќе падне во втор план, а во прв ќе дојде неговата политичка програма.


Спонзорирани линкови

Маркетинг