Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопштил оваа седмица дека главниот дел од трошоците на Министерството за одбрана на Русија за воено-воздушните операции во Сирија изнесувал 464 милиони долари.
Дали е тоа многу или малку пари, може да покаже и преглед на најскапите воени операции на светот од 1950. година до денес.
Лидерот по бројот на операции изведени надвор од својата територија се САД. Според податоците на Истражната служба на Конгресот на САД, американските вооружени сили, откако постојат, самостојно или во состав со меѓународната коалиција, околу 250 пати учествувале во судири овој вид.
Операцијата на НАТО во Југославија - 43 милиони долари
Војната на Косово завршила со 78-дневна операција на Северноатлантската алијанса, при која под ударот на сојузничката авијација се нашле воени објекти и цивилна инфраструктура на Сојузна Република Југославија. Според проценките на новинарите на BBC и воените експерти, бомбардирањето на Југославија го чинело НАТО 43 милиони долари.
За време на операцијата, сојузничката авијација фрлила повеќе од 23.000 бомби, и уништила околу 50 проценти од производните капацитети на СРЈ. Според проценките на британските експерти, вкупната штета од бомбардирањето е околу милијарда долари, додека српските експерти тврдат дека се изгубени околу 29,6 милијарди долари. Според податоците на југословенските власти, во текот на операцијата загинале повеќе од 1.700 цивили, а околу 10.000 биле сериозно ранети.

Заливска војна. Операција "Пустинска олуја - 102 милијарди долари"
Борбената операција на повеќенационалната коалиција на чело со САД под име "Пустинска олуја" од 1990-1991. година траела 42 дена и завршила со ослободување на Кувајт и повлекување на ирачките сили. "Пустинска олуја" била прва илустрација на високотехнолошка војна на новата генерација. Во војната на Заливот, меѓународната коалиција користела воена авијација, "паметно" високотехнолошко оружје и средства за радиоелектронска борба. Според податоците на Истражната служба на Конгресот на САД, операцијата ја чинела Америка 102 милијарди долари, и однела 298 човечки животи.

Операција Северна Кореја - 341 милијарди долари
Севернокорејската војска на 25. јуни 1950. година ја минала 38. паралела и почнала офанзива на Јужна Кореја. Истиот ден Советот за безбедност при ОН брзо го решил "корејското прашање", искористувајќи го бојкотот на советската делегација - со девет гласови "за", била усвоена резолуцијата за воена помош на Јужна Кореја, која ја предложиле САД. На полуостровот била пратена копнена војска на ОН, која во главно била сочинета од американски војници под команда на генералот Даглас Мекартур. Интервенцијата на Кина ѝ овозможила на војската на Северна Кореја да ги врати положбите и војната се продолжила за три години. Судирот завршил со потпишување на договор за прекин на огнот во 1953. година, но мировниот договор помеѓу северот и југот на Кореја ни денес не е потпиша. Една од најголемите битки во таа војна била битката за Тег, при што авијацијата спровела најголема операција по истоварувањето во Нормандија. Стотина бомбардери "B-29" фрлиле повеќе од 3.000 бомби. Учеството во Корејската војна ги чинела САД 341 милијарди долари и однела околу 38.000 жртви.

Војната во Виетнам - 738 милијарди долари
Северновиетнамските партизани во 1965. година нападнале американски воени објекти во Плеику и САД започнале со најдолгата воздушна кампања по Втората светска војна. Воздушните напади на Северен Виетнам ја чинеле Белата куќа околу 900 милиони долари. Во текот на виетнамската кампања во земјата имало околу 550.000 американски војници. Војната во Виетнам траела 8 години и чинела 738 милијарди долари и повеќе од 54.000 жртви. За таа војна биле напишани повеќе книги отколку за било која друга во која учествувале САД. За Виетнамската "тема" биле снимени повеќе од 500 филмови. Една од последиците на учеството на Вашингтон во таа војна е "виетнамскиот синдром" кој се огледува во спротивставувањето на многу Американци за долгите и ризични воени кампањи.

Војната против тероризмот - 1 до 6 билиони долари
По терористичките напади на 11. септември 2001. година, претседателот на САД, Џорџ Буш Помладиот, објавил почеток на "Војната против тероризмот", односно операцијата "Непобедлива слобода" која е водена во Авганистан, Ирак, Пакистан, Сомалија, Јемен, Индонезија и на Филипините.

Истражната служба на американскиот Конгрес во 2010. година проценила дека трошоците на операцијата изнесувале 1,147 билиони долари, но во тие пресметки не се пресметани лечењето и заздравувањето на војниците, исплата на инвалидски пензии и други трошоци. Експертите од универзитетот "Harvard", процениле дека САД за учество во војните во Ирак и Авганистан потрошиле од четири до шест билиони долари.

Во Втората светска војна, која е сметана за најскапа воена кампања, Америка потрошила три билиони долари.

Истражувачите од невладината организација "National priorities project" во 2015. година пресметале дека во секој час Американците во просек трошат четири милиони долари на операцијата во Авганистан.