Состојба на Вучиќ е стабилна, порача дека нема да се предаде и дека ќе продолжи да работи

Макфакс

04/05/2025

09:27

1.039

Големина на фонт

а а а

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за финансии Синиша Мали изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ попладнето ја напуштил Воено-медицинската академија (ВМА) и дека негова желба била да ѝ ги пренесе на српската јавност своите зборови дека му е подобро.

Мали изјави дека разговарал со Вучиќ и дека им порачал на граѓаните дека нема да се предаде и дека ќе продолжи да работи.

„Тој е силен човек, тоа е важно за граѓаните на Србија, ми рече дека е подобро. Еден ден, два, три му беше наредено да лежи, да се одмора, што е проблем само по себе, како што знаете, но овој пат ќе биде дисциплиниран. И се надевам на негово брзо закрепнување“, рече Мали.

Претходно началникот на управата за воено здравство, кардиологот Драган Динчиќ изјави дека здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна и дека не е реално да се врати на редовните активности во следните неколку дена.


Тој рече дека за време на престојот во САД, претседателот Вучиќ почувствувал силна болка во градите што траела неколку секунди, и дека тоа не се согласувало со сведоштвото на другите кои биле во истата просторија со него.

„Испил дополнителна терапија и по 45 минути, кога го измерил крвниот притисок, тој бил 165 со 98, што значи дека пред терапијата, притисокот бил повисок. Лекарите од Америка направиле сè и тој решил да се врати во земјата и покрај противењето на лекарите“, додаде Динчиќ.