Во Сирија бил уапсен Алпарслан Челик, турски терорист кој го убил рускиот пилот на "Su-24", Олег Пешков. Деталите од приведувањето не се објавени, но се знае дека го уапсиле припадниците на сириската војска, јавува иранската агенција
Fars.

Челик е член на туркменската терористичка група "Сириски волци", која е лојална на Турција.

Тој по убиството на рускиот пилот бил виден на еден погреб во Турција, а неофицијално, и самиот Путин пратил специјална единица во Латакија, за да го улови терористот.

По Челик во Сирија трагал руски "Spetsnaz", а во Турција го барале руските специјалци од тајната служба "GRU".