Нов спортски часовник на "Fitbit"

DesignMK

09/03/2016

16:22

1.829

Големина на фонт

а а а

Спортските часовници и педометри "Fitbit" веќе подолго време се вистински хит и додаток што го посакуваат и оние поактивни, но и оние спортски помалку активните.

Интересниот дизајн на овие часовници заедно со и многубројните функции, меѓу кои лесното мерење на чекорите, инспирира поголема физичка активност на оние помалку активните.


Компанијата неодамна излезе со дизајн на нов спортски паметен часовник „Fitbit Blaze“ со современ дизајн, кој го прави соодветен и за лежерни и спортски, но и за поформални работни услови. „Fitbit Blaze“ е функционален и практичен часовник за спортување и стилски моден додаток за дневните и за вечерните излегувања.



Часовникот е во чекор со современиот дизајн и со новата технологија, дизајниран е да функционира преку blutooth поврзување со мобилен телефон или таблет и претставува личен тренер што ја мери поминатата далечина и согорените калории на корисникот. Кога не се користи како фитнес-тренер, „Fitbit Blaze“ едноставно се вклопува во секојдневниот моден стил како елегантен моден детаљ.