НДМ: Иванов пред изборите ќе аболицира функционери на ВМРО-ДПМНЕ и обвинети во "Пуч"

Макфакс

27/02/2016

15:35

2.653

Големина на фонт

а а а

Народно движење за Македонија(НДМ) во сабота упати предупредување до претседателот Иванов да не дозволи сомнителна одлука на Уставниот суд да преставува мина во неговите раце со задоцнето дејство.

„Според сознанијата на НДМ се отвора сериозно сомневање дека се работи за опасен пропагандистички трик на власта, со кој, преку претседателот-послушник Ѓорге Иванов треба да се неутрализира револтот на јавноста со очекуваното помилување на функционери на ВМРО-ДПМНЕ вмешани во изборни нерегуларности“, рече во сабота на прес конференција Ѓорги Тодоров, член на Извршниот комитет на НДМ.

Тој уште додаде дека по донесувањето на одлуката на Уставниот суд за околу триесетина дена, од страна на претседателот Иванов ќе следи помилување на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но, Иванов истовремено ќе даде помилување и на обвинетиот Зоран Заев и другите лица во предметот „Пуч“.

„На тој начин, владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе го неутрализира револтот на јавноста од одлуката на претседателот Иванов за помилување на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што ќе го помилува и лидерот на СДСМ и другите лица од предметот „Пуч“, рече Тодоров.

Според него, одлуката за аболиција ќе биде во функција на остварување на политичка корист од страна на власта во еден крајно чувствителен период кога ќе започне изборната кампања за изборите на 5 јуни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг