Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Макфакс

13/09/2026

14:10

145

Големина на фонт

а а а

Во Кочани е поставен голем крст како спомен на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискoтеката „Пулс“, при што митрополитот Иларион го освети спомен-обележјето кое ќе биде потсетник на болката од трагедијата.

Во непосредна близина на дискотеката „Пулс“, на влезот во Кочани, е поставен голем крст во чест и спомен на загинатите во трагедијата што го погоди градот.

Крстот е висок 17 метри и широк 12 метри, а го освети митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужителите од храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани.

Тој посочил дека спомен-обележјето ќе остане и како потсетник на болката што ја остави трагедијата во Кочани.

Во пожарот во „Пулс“ животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Трагедијата остави длабока трага во Кочани и во целата држава, а семејствата на загинатите и натаму бараат целосно утврдување на одговорноста за случувањата што доведоа до пожарот.

Судската постапка за трагедијата е во тек.