Иван Петрушевски: Секој да „заработи“ од бенефитите на онлајн просторот

Точка

16/02/2016

16:31

4.230

Големина на фонт

а а а

ИТ компанијата МКХост, во наредниот период, преку низа активности ќе ја едуцира македонската јавност за позитивните ефекти од онлајн присуството. Предност имаат младите кои (ќе) просперираат преку интернет, но ќе се работи и со други категории граѓани.

Секој мора да слушне за бенефитите од онлајн работењето, односно секој треба да влезе во 21-век. Оној што „ќе одбие“ да се врзе онлајн, всушност, ќе изгуби многу. Преку ова, вели Петрушевски, „индиректно влијаеме на ребрендирањето на целата нација. Веќе не може да се каже дека Македонија е само аграрна земја, каде сите работат земјоделство. Не, Македонија е земја и на многу искусни ИТ професионалци, кои својата кариера ја граделе во онлајн просторот“

ТОЧКА: КАКО КОМПАНИЈА НАПРАВИВТЕ ОСВЕЖУВАЊЕ НА ВИЗУЕЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО ДЕСЕТТАТА ГОДИНА ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ. ЗОШТО?

Иван: Доколку сте највисоко на скалилото на бизнис успехот, тоа не Ви дозволува да се однесувате лабаво и нон-шалантно кон своите клиенти, партнери и вработени. Напротив, оваа позиција #1 Ве обврзува многу повеќе да вложувате во релациите со сите со кои соработувате. Неопходно е по десет години успешно функционирање на интернет просторот, да направите „рифреш“ на изгледот, но и на суштинската приказна со која се претставувате и ја барате довербата на клиентите, но и на оние што треба да станат нови клиенти на компанијата.

Во оваа насока, МКХост го направи својот визуелен ребрендинг на почетокот на овој месец, кога изработи ново лого и направи промени во визуелното претставување. Досега не препознаваа како компанија - најдобар провајдер за хостинг и домен услуги, односно како клучен столб кој овозможува проширување на македонскиот Интернет простор и развој на е-бизнисот во Македонија. Бевме и се уште сме компанија која ги препознава потребите на нашите корисници и на професионален начин, овозможува тие да го остварат своето он-лајн претставување и комуникација. Кога велам „тие“ мислам на сите индивидуалци и компании/институции, кои може да бидат присутни во онлајн светот преку сопствен веб сајт, емаил адреса со свое домен име.


Освен кон клиентите, нормално, сериозно внимание и респект вложуваме и во релациајата со нашите вработени. Секоја идеја се разгледува и третира подеднакво, затоа што секој вработен, на различен начин, може да придонесе кон подобра услуга за нашите клиенти.

ТОЧКА: НО, ДАЛИ ЈАВНОСТА Е ПОДГОТВЕНА ЗА 'ВЛЕЗ' ВО ОНЛАЈН ПРОСТОРОТ. КАКО МАКЕДОНИЈА СЕ СПРАВУВА СО ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ?

Иван: Освен промени во визуелниот идентитет на МКХост, ние одлучивме да направиме и суштински исчекор напред. Односно, во наредниот период, ќе ја едуцираме целокупната македонска јавност за позитивните ефекти од онлај присуството. Кога велам јавност мислам на сите индивидуалци, без разлика на нивната позиција – дали се бизнисмени, административци, ИТ експерти, работници.... Едноставно, секој мора да слушне за бенефитите од онлајн работењето, секој треба да влезе во 21-век. Оној што „ќе одбие“ да се врзе онлајн, всушност, ќе изгуби многу. Секој од нас веќе користи паметен телефон, таблет, лап-топ или компјутер. Целокупното живеење е поврзано и во многу олеснето со функционалностите што ги овозможуваат овие уреди. Затоа, секој жител на Македонија треба да биде дел од онлајн просторот.

Само целосно интегрирана Македонија во онлајн просторот може да донесе огромен бенефит за сите. Затоа, водејќи се од оваа премиса, ќе се претставиме и пред нова публика која досега не го знаела нашиот придонес во онлајн светот. Ја преземаме оваа обврска затоа што сме број 1 хостинг компанија и регистрар за домени во Македонија. Во исто време, на овој начин, ќе ја исполниме нашата цел – да бидеме прв избор за корисниците во земјава кога имаат потреба од онлајн присуство.

ТОЧКА: ЗНАЧИ, ОНА ШТО ГО НАПРАВИВТЕ ВО МКХОСТ, ВО СМИСЛА НА ПРОМЕНИ, САКАТЕ ДА ГО ПРЕСЛИКАТА И НА НИВО НА ДРЖАВА?

Иван: Да, во оваа насока, наша посебна таргет популација на која сериозно посветуваме внимание се младите. На нив им овозможуваме да просперираат преку Интернет. На овој начин тие комуницираат и функционираат со целиот свет. И без физичко присуство, учат за други култури, работат за клиенти кои не се во Македонија, креираат идеи кои имаат светско влијание, заработуваат одлични плати и размислуваат „out of box“. Затоа инвестираме во унапредување на знаењето на младите, кои со своите идеи и енергија многу придонесуваат во нашиот компаниски развој.


На овој начин, преку нашата активност, индиректно влијаеме на ребрендирањето на целата нација. Веќе не може да се каже дека Македонија е само аграрна земја, каде сите работат земјоделство. Не, Македонија е земја и на многу искусни ИТ професионалци, кои својата кариера ја граделе во онлајн просторот. Оној простор кој овозможува наплив од многу информации, каде останува на индивидуалецот само да ги процесуира или да ги отфрли. Сепак, можноста да се дознае нешто, да се научи, да се изработи, е многу олеснета во споредба со условите кои ги имаат претходните генерации. Ова докажува дека целосните промени во размислувањето на одредени индивидуалци, компании или институции, влијае на целокупното ребрендирање на државата.

Затоа, заедно, неопходно е да работиме на себе-ребрендирање и да му покажеме на светот дека во Македонија, речиси секој, разбира и функционира онлајн, односно ги користи придобивките од технологијата во насока на олеснување на сопствениот живот и животот на другите. Ние го направивме првиот чекор. Чекаме на Вас...


Спонзорирани линкови

Маркетинг