Ако ви е неопходно во експресен рок да изгубите неколку килограми вишок, а сакате здраво да се храните, ова е вистинската диета за вас. Килограмите нема да ги вратите, ветуваат нејзините творци, и нема да има лоши ефекти врз психофизичкото здравје.
Диетата трае 10 дена и ни ден повеќе. Она што е најдобро е тоа што самите правите план на оброкоти го прилагодувате кон своите желби и потреби. Вежбајте бидејќи само така ќе можете да се ослободите од вишокот масти. Важно е добро да се испотите, без разлика дали со трчање, брзо одење или возење на велосипед.
Исто така, важно е да вежбате и за време на диетата, бидејќи без физичка активност нема да има резултати. Јадете различно овошје, бидејќи секое овошје содржи одредени состојки кои му се потребни на вашиот организам за нормално да функционира. Истото важи и за зеленчукот, готвено или варено – некои видови на зеленчук се добри антиоскиданси, други се добри поради влакната кои му помагаат на варењето, а трети поради нивните витамини и минерали.

Некој зеленчук така ќе ви помогне во губењето на килограмите, друг ќе ви помогне кожата да не ја изгуби бојата и тонот, односно ќе ви помогне да го вратите сјајот.
Нека доминира морковот, зелената салата, доматот, јадете што е можно „пошарен“ зеленчук. На вашето диетално мени може да има и супа од зеленчук. Што се однесува до овошјето, јадете го во големи количини, а за оваа диета најдобро овошје е папаја, јаболка, јагоди, грејпфрут и малини.
Овие овошја, не само што ќе ви помогнат во согорувањето на мастите, туку од нив ќе ги добиете и неопходните витамини. Исто така, наместо овошје и зеленчук, можете да изедете јогурт со природни мусли.
За време на диетата ќе мора да заборавите на лебот, месото, сирењето, тестенините и слатките. Тоа што овошјето и зеленчукот ќе ви помогнат во губењето на килограмите, не значи дека треба да јадете на секој час и во неограничени количини.

На ден мора да имате четири главни оброци – појадок, ручек, ужина и вечера. За секој оброк изедете по една чаша (2 децилитри) свеж зеленчук и една чаша овошје. Наместо супа, можете да изедете вкусна мешана салата од зеленчук. Зачинете ја со лимон, никако со преливи.
Појадок: 1 чаша сецкано овошје, 1 чаша сок од домат или една чаша јогурт.
Ручек: 1 чаша супа од зеленчук или чинија зелена салата, чаша исецкано овошје.
Ужина: Чаша исецкано овошје.
Вечера: Салата од зеленчук – краставица, морков, зелка, брокула, домати, зелена салата, чаша супа од зелка, чаша сецкано овошје.