Дознајте која е нејзината мисија: Објавени се првите инсерти од Wonder Woman

Точка

21/01/2016

19:10

4.296

Големина на фонт

а а а

Warner Bros. на своите фанови им ги откри првите сцени од долго исчекуваниот филм Wonder Woman.

Сите кои со нетрпение го очекуваат прикажувањето на филмот Wonder Woman кој во кината би требало да се појави некаде кон средината на идната година, останаа воодушевени од првите сцени на филмот кои се прикажани заедно со новиот трејлер на Suicide Squad во рамките на специјалот Dawn of the Justice League на The CW, пренесува "Variety".

Во филмот во кој Дијана, амазонска принцеза станува легендарна хероина, во главната улога е актерката Гал Гедот.

„Wonder Woman е една од најголемите суперхероини, но луѓето не знаат премногу за нејзиното потекло, како што е случај со Супермен или Бетмен. Во овој филм сакавме да прикажеме која е таа, од каде доаѓа и зошто го прави тоа што го прави“, изјави продуцентот на филмот, Џеоф Џонс.

Покрај Гедот, во филмот глумат и Крис Пајн, Дени Хастон и Робин Врајт, а режисер е Пети Џенкинс.