Во моментите кога се заострени односите со Саудиска Арабија и секојдневно растат тензиите помеѓу сунитите и шиитите на Блискиот исток, Иранците се пофалија со своите подземни локации за лансирање на балистичките ракети „Емад“.
Иран јавно ја претстави својата втора локација за лансирање на своите балистички ракети на наведување - „Емад“. Станува збор за ракети за кои Советот за безбедност при Обединетите нации минатиот месец донесе заклучок дека можат да носат нуклеарна боева глава, а со тоа Иран ја прекршува резолуцијата 2010.
Но, се чини дека Иранците во овие моменти на криза и раскол на односите со Саудиска Арабија, не се грижат премногу за резолуциите на Обединетите нации, па така отворено го претставија својот воен потенцијал, испраќајќи јасна порака до својот најголем ривал на Блискиот исток - Саудиска Арабија.

Така, на иранската национална телевизија вчера беше објавена видео снимка на која претседателот на иранскиот парламент, Али Ларијани ја посетува подземната локација со која оперира иранската елитна Револуционерна Гарда.
Иранските извори секако, не открија каде се наоѓа ова подземно место за лансирање на ракети, туку само открија дека се наоѓа „под земја“ и „под планини“.
Исто така, откриено е дека „Емад“ ракетите можат со „апсолутна прецизност“ да ја погодат секоја точка во радиус од 2 илјади километри. Ирански функционери открија дека ваквите ракети можат да се лансираат во овој момент од вкупно 14 локации ширум земјата.