Лавров: По срамното повлекување, НАТО повторно бара начин да влезе во Авганистан

Макфакс

02/06/2025

09:27

1.657

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Меѓународната конференција на азиските политички партии предупреди за наводните обиди на НАТО-алијансата да се врати во Авганистан, објави авганистанскиот „Толо њуз“.

Лавров рече дека по „хаотичното“ повлекување од Авганистан, НАТО сега се обидува да се врати во земјата. Според него, НАТО се обидува да ги пронајде сојузниците на Москва во Централна Азија и врши притисок врз нив да изберат помеѓу Русија и Соединетите Американски Држави.

„По срамното повлекување на НАТО од Авганистан пред четири години, алијансата повторно се обидува да најде нови точки за влез во земјата. Тие активно вршат притисок врз нашите пријатели, сојузници и стратешки партнери во Централна Азија и се обидуваат да го наметнат својот добро познат концепт „или со нас или со Русија“, рече Лавров.

Ова не е прв пат Русија да изрази загриженост поради наводниот обид на НАТО да се врати во Авганистан и регионот.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи и шефот на неговата служба за надворешно разузнавање предупредија на враќањето на НАТО во Авганистан.

„САД немаат интерес за воено присуство во Авганистан. Сепак, овие руски изјави укажуваат дека Русија сака да формира антизападен блок во регионот и да го претвори Авганистан во свој сојузник“, рече Џанат Фахим Чакари, авганистански политички аналитичар.

Руското предупредување за враќањето на НАТО во Авганистан доаѓа откако американскиот секретар за одбрана нагласи на состанокот во Сингапур овој викенд дека Вашингтон повеќе нема да учествува во „бесмислени војни“ како онаа во Авганистан.