Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во четврток и во петок.