Хируршките методи за зголемување на пенисот не се најдоброто решение, а експертите тврдат дека овие неинвазивни методи се далеку подобри од тоа.
Уролозите Марко Одерда и Паоло Гонтеро од Универзитетот во Торино анализирале десет студии за да откријат кои неинвазивни методи за зголемување на пенисот се најдобри.
После операциите со кои се зголемува пенисот, неретко доаѓа до компликации, а студиите покажале дека таканаречените „пумпи за пенис“ го продолжуваат машкиот полов орган за 1.7 сантиметри. Мажите кои ги испробале овие направи велат дека пенисот им е подолг за 1.7 сантиметри, односно 2.3 сантиметри во ерекција.

Исто така, друга студија покажала дека пеноскроталните прстени (кои се ставаат пред добивање на ерекција) всушност го продолжуваат пенисот и ја продолжуваат ерекцијата. Сепак, бројот на учесници во оваа студија бил мал, па поради тоа научниците велат дека тоа не може да се набљудува како доказ дека овие прстени навистина го зголемуваат пенисот.
Уролозите Марко Одерда и Паоло Гонтеро велат дека, без оглед на резултатите од студиите, проблемот кај мажите не лежи во големината на пенисот, туку во главата. Додека кај некои мажи постојат медицински причини за „средување“ на пенисот, лекарите велат дека всушност повеќето мажи едноставно патат од „синдром на мал пенис“ иако имаат пенис со просечна големина.

Тие нагласуваат дека веројатно порно филмовите се главниот виновник за тоа што мажите мислат дека имаат мал пенис, иако всушност просечната големина на пенисот е 8.9 сантиметри, односно 14.9 сантиметри при ерекција, вели урологот Никола Монини. „Според клиничката дефиниција, мал пенис е всушност оној помал од 4.8 сантиметри, односно помал од 7.6 сантиметри за време на ерекција“.
За тоа колку мажите всушност се оптоварени со големината на пенисот говори и една анкета која покажала дека 85 отсто од жените се задоволни од големината на половиот орган на нивниот партнер, додека само 55 отсто од мажите сметаат дека имаат доволно голема „опрема“.