Експлозија во Атина, нема настрадани

Макфакс

24/11/2015

09:47

703

Големина на фонт

а а а

Бомба експлодирала пред канцелариите на Грчката трговска федерација, рано во вторник, во центарот на Атина, при што се скршени стаклата на прозорците, но нема жртви, потврди грчката полиција.

Напади на банки, на политичари, новинари и бизнисмени не се невообичаени за Грција, која има долга историја на политичко насилство, а посебно тоа се рашири и зачести во последните години кога земјата е зафатена од најголема економска криза во последната деценија.

Експлозијата, за која полицијата верува дека ја предизвикале домашни герилски групи, е прв таков напад откако левичарскиот премиер Алексис Ципрас дојде на власт во јануари.
Експлозивната направа е активирана со временска запалка сместена во ранец во близина на канцеларијата на Грчката трговска федерација, а експлодирала околу 3.30 часот утрово.

Анонимен повикувач предупредил за поставената бомба во една новинска агенција триесетина минути порано, велат полициските службеници.

Очевидци виделе како скршеното стакло било рассеано по цела улица во деловниот центар на Атина.

Полицијата обезбедува два блока околу деловната зграда и го истражува местото на настанот.

Бомбашките напади и пожари се интензивирани во Грција од 2010 година кога се прифатени непопуларните мерки за раст на данокот, намалување на платите и пензиите во замена за финансиска помош од Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд.


Спонзорирани линкови

Маркетинг