Советската инвазија на Авганистан и руската воена интервенција во Сирија: Москва повторно се судри со терористи

Точка

17/10/2015

22:30

11.623

Големина на фонт

а а а

Советската инвазија во Авганистан стана популарна тема на разговор меѓу џихадистите кои што се борат во Сирија.

Многумина од нив се сеќаваат на тие борби и се прашуваат што треба да направат за да им се спротистват на „Модерните Руси“. Токму во Авганистан започна модерната ера на терористите, со настанувањето на Ал Каеда и „раѓањето“ на Осама Бин Ладен кој заедно со уште неколку борци стана икона кај терористите.

Денес терористичките групи во Сирија се обидуваат да го искористат сеќавањето и искуството од битката против СССР во Авганистан и тоа да го применат и во Сирија. Исламската држава и Џабат Ал-Нусра им објавија света војна на Русите. Војната во Сирија ќе ги натера Русите да заборават на ужасите со кои се соочуваа во Авганистан, опомена лидерот на Џабат Ал-Нусра фронтот. Според неговите зборови, новата руска инвазија е последната исфрлена стрела од логорот на непријателот кон муслиманите.


Слична порака пристигна од ИСИЛ (ДАЕШ) преку својот портпарол Абу Мохамед Ал-Аднани. Тој ја повика муслиманската младина да се приклучи на војната против Русија и САД кои според него водат нова крстоносна војна против муслиманите, војна на неверниците против верниците.

Дали Сирија ќе биде новиот Авганистан за Русија?

Кремљ одлучи да интервенира откако сириската војска претрпе сериозни загуби во Идлиб и Хама. Сепак, можноста Русите да бидат поразени во Сирија зависи од странската поддршка на бунтовниците. Сепак иако мала е можноста Русите да бидат поразени, никој не може да гарантира што ќе се случи ако Путин испрати копнена војска. Во тој случај терористите од заливските и западните земји ќе добијат голема поддршка во воена опрема, односно ќе добијат понапредно оружје од тоа што го имаат сега.

Во тој случај шансите се 50% дека Русите ќе се повлечат како што се повлекоа во Авганистан. Но, Русите изгледаат дека работат внимателно и мудро, односно не сакаат да се впуштат во оган и наеднаш да се најдат во него. Тоа е поука која во пракса Русите генијално ја имплементираа во Украина.

Русија од 30-ти септември константно ги бомбардира целите на ИСИЛ и останатите терористички групи во Сирија. Сирија и сојузниците (Иран и Хезболах) го одобруваат тоа, додека пак Западните и заливските земји веќе во неколку наврати ги критикуваа руските напади врз целите на „умерената опозиција“ која се бори против режимот на Башар Ал Асад.


Разликата помеѓу руската интервенција и улогата на Иран и Хезболах е во тоа што Иран и Хезболах од почетоко застанаа зад Асад, додека пак Русија и САД се обидуваа да најдат заедничко решение. Сепак, на крајот Русија „удри“ во Сирија, па јасно е дека со битка ќе биде одлучено кој ќе има најголема моќ да наметне политичко решение.

Во текот на изминатите седмици, Русија ја покажа својата сила на Бликиот исток. Испратени се борбени авиони, бомбардери, тенкови, артилерија, бродови и специјални сили со цел да му помогнат на сирискиот претседател. Желбата на Путин е јасна - сака да покаже дека силната Русија е способна да создаде нов регионален поредок. Во меѓувреме во Багдад, Русите соработуваат со Иран, Ирак и Хезболах од кои добиваат разузнавачки податоци кои можат да се покажат како клучни во оваа војна.

Русија мора да извлече поука!

Токму искуството од Авганистан, како и двете чеченски војни, конфликтите на Кафказот и Украина ја водат Русија да има потреба кон што е можно повеќе силни и втемелени разузнавачки информации. Причината за тоа најмногу е поради тоа што терористите пронајдоа начин како да се инфилтрираат во легитимните, регионални власти. Станува збор за сосема нов пристап кон водењето војна и најчесто го користи Ал Каеда.


Калкулациите на џихадистите велат дека отворена војна со САД или Русија е самоубиство за нив. Поради тоа, тие бараат нов начин како да ја остварат својата цел, затоа што прогласување на своја држава, исто така би било самоубиство за нив.

Еден од примерите дека постои успех на таа идеја е либиската група „Исламска борба“ која е дел од Ал Каеда. Оваа група беше способна да создаде добар сојуз со останатите терористички групи и стана флексибилна кон надворешниот свет. Оваа група беше дел од демократски режим откако беше прифатено шеријатот да биде главниот извор на законодаството. Потоа започнува да се гради исламски режим, а во тој случај, доколку се придобие сирискиот народ (кој веќе привлече доброволци кои се борат против Русите) тешко дека Русија или САД лесно ќе влијаат на политичките одлуки.

Познат џихадист од Јордан, со палестинско потекло - Абу Катада укажува на искуството од Авганистан, каде Ал Каеда формираше сојуз со Талибнците со една цел - да бидат „избркани“ Русите. Џихадистичките лидери веќе ги повикуваат муслиманите да започнат со терористички напади во Русија, а тоа е потполно иста стратегија која беше користена за време на советската окупација на Авганистан. Русија може многу да добие, но исто така многу и да загуби во оваа војна, тоа е сосема јасно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг