За прв пат во телевизиска програма ја покажале подземната база со ракети

Точка

14/10/2015

19:45

10.832

Големина на фонт

а а а

Снимките биле емитувани три дена откако иранското министерство за одбрана објави информација за успешното лансирање на далечински управувани ракети со голем дострел од типот Емад.

Во програма на иранска телевизија за прв пат во средата биле прикажани фотографии од подземната база со ракети од различни типови, сместени на иранската територија, пишува „Business Insider”.


Емитувањето на снимките следувало три дена откако иранското министерство за одбрана објави информација за успешното лансирање на далечински управувани ракети со долг дострел од типот Емад.


Базата прикажана на телевизиската програма на иранската телевизија се наоѓала на „околу 500 метри под земјата“ за да биде надвор од дофатот на потенцијални непријателски напади, рекол генералот Амир Али Хаџизадех, командант на Револуционерната гарда, елитна воена единица на иранската војска.



Тој рекол и дека подземната база не е единствена во Иран и дека ги има во „сите провинции и градови во земјата“. „Ракети со различен спектар на лансери се во сите бази и се подготвени за употреба. Потребна е само наредба на врховниот командант, Али Камнеи, врховниот духовен лидер на Иран и воен командант“.


„Иран нема намера да предизвика никаква војна, но ако непријателот направи грешка, воените бази ќе еруптираат како вулкан од длабочината на земјата“, рекол генералот Хаџизадех.


Во вторникот, портпаролот на Белата куќа изјави дека иранското лансирање на ракети со голем дострел од типот Емад веројатно било во спротивност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.