Горивата поевтинуваат за половина денар

Макфакс

02/06/2025

15:21

180

Големина на фонт

а а а

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Од 3.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,862 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,429 ден/кг и сега ќе изнесува 37,862 ден/кг.