Со најновата објава на прилепските општински власти која е во тек, понудени се на продажба пет нови градежни парцели со намена (Г3 и Г4 - сервиси и мало стопанство и стоваришта) во Индустриската зона "Прилеп 2" која се наоѓа во населбата "Сточен пазар" и три нови парцели за домување (A1) во новата населба "Градина".
Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk за секое наддавање со посебен рок: За електронското јавно наддавање закажано за 6-ти ноември годинава, а рокот за поднесување на пријави е до 20ри ноември. Јавното наддавање ќе се одржи на 6-ти ноември по електронски пат на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk.
Почетна цена се градежна парцела е 61 денар од квадратен метар, со 10 денари чекор за наддавање за намена домување и 100 денари чекор за наредно наддавање за градежни парцели со намена стовариште и мало стопанство. Може да учествуваат сите физички и правни лица жители на Република Македонија и странски лица, согласно Закон за градежно земјиште кои со комплетна и правилно пополнета електронска пријава со прилози треба да уплатат депозит кој изнесува 30 отсто од вкупната почетна цена.
Градоначалникот Марјан Ристески ги повика сите заинтересирани домашни и странски инвеститори и заинтересирани граѓани, да се пријават по електронски пат и да земат учество во електронското надавање.
Општина Прилеп е обврзана и да ја уреди населбата со изградба на патната инфраструктура и асфалтирање на улиците, изградба на водовод, канализација, осветлување и изградба на тротоари.