Најновите гласини говорат дека Сони во среда во Берлин ќе го претстави новиот модел на Xperia - Z5 чија што премиум верзија би требало да има екран со 4К резолуција.
Уште неколку дена останаа до IFA саемот кој ќе се одржи во Берлин, на кој Сони ќе го претстави својот најнов телефон Xperia X5 кој ќе доаѓа во три големини.
Најголемата, 5,5-инчна Премиум верзија на Z5 телефонот би требала да биде првиот телефон со 4К резолуција на екранот на пазарот.

Комбинацијата на ваков екран и резолуција ќе резултира со неверојатна густина на пикселите поголема од 880 ppi, а телефонот би требало да биде опремен со 23 мегапикселна камера со 1,8 бленда и 5Х дигитален зум. Како и претходниците, Z5 ќе ја задржи водоотпорноста, но во овој случај micro-USB конекторот ќе биде водоотпорен дури и без капаче.
Дизајнот останува доследен на Z „линијата“, а Z5 ќе добие и сензор за отпечатоци на прстите на страничниот дел од телефонот. Што се однесува до хардверот, ако треба да им се верува на гласините, телефонот би требало да работи на Snapdragon 810 процесор, да има 3GB RAM и 32GB интерна меморија.

Според гласините кои што кружат низ порталите специјализирани за смартфони, Xperia Z5 Compact ќе доаѓа со екран со големина од 4,6 инчи со 720p резолуција, додека верзијата со дијагонала од 5,2 инчи ќе има 1080p резолуција.