10 факти за Луј Витон
Луј Витон е еден од омилените модни брендови, но и еден од најмоќните, ако му веруваме на Форбс. Неговото препознатливо лого честопати е предмет и на копирање, но тоа не ја намалува вредноста на она што куќата го пренесува како модно богатство со генерации.
За сите вас љубители на оваа модна куќа, а сите вас што сакате да дознаете нешто ново, ви презентираме неколку интересни факти за Луј Витон.

Луј Витон ја започнува својата кариера на изработувач на куфери уште на 16-годишна возраст. Модната куќа ја основа во 1854 година.
Неговиот син Жорж Витон го креира новиот начин на закопчување односно заклучување на куферите и тоа со катанец.

Таткото и синот се толку сигурни во нивното заклучување, што го повикуваат на предизвик познатиот американски илузионист Хари Худини, јавно да се обиде да избега од куфер, но за жал тој не го прифаќа предизвикот.
Логото, односно монограмот на брендот првпат се појавува во 1896 година, како начин на борба против фалсификатите.

Во 1914 година, во Париз се отвори најголемата продавница за патни торби.
Производите на Луј Витон сè уште се изработуваат рачно во Франција.

Познатиот монограм на брендот го инспирираше Салвадор Дали да го создаде „Далиграм“.
За брендот се фотографирале бројни познати личности како Анџелина Џоли, Мадона, Дејвид Боуви... Но, малкумина знаат и ги изненадува фактот дека ѕвезда на една кампања беше и поранешниот претседател на СССР, Микхаил Горбачов.

Брендот е дел од LVMH група, која опфаќа 70 куќи, меѓу кои и Кристијан Диор, Дона Каран и Живанши. М и Н од LVMH се скратеници од Moët и Hennessy, два популарни бренда за алкохол.
Во 2013 година, брендот Луј Витон беше споменат во песните на Канје Вест дури 19 пати.