Ќе ве воодушеви: Ова се магиите на идниот "Samsung Galaxy Note 5"

Точка

12/06/2015

19:04

4.060

Големина на фонт

а а а

Сите информации кои кружат за "Samsung Galaxy Note 5", укажуваат на тоа дека станува збор за смартфон од соништата.

Првите информации кои се појавиле за "Samsung Galaxy Note 5" паметниот телефон, укажуваат на тоа дека станува збор за навистина импресивен и многу напреден модел.

Имено, се очекува дека овој уред ќе биде меѓу првите кои имаат USV Type-C конектор, што значи дека USB влезот кој досега сме го користеле полека ќе станува минато. Предностите на новиот конектор, меѓу другото, се стримување на 4К видеа и драстично побрзо полнење на батеријата.


Покрај тоа, "Note 5" ќе биде опремен со брза и штедлива UFS 2.0 меморија која дебитирала на "Samsung Galaxy S6/S6 Edge" моделите.

Се очекува дека телефонот ќе има Super AMOLED екран со дијагонала од 5.9 инчи со Quad HD резолуција. Куќиштето е многу тенко - 7,9 милиметри, а се шпекулира дека батеријата ќе биде со капацитет од 4.100 mAh, пренесува Telegraf.rs.


Сите овие информации укажуваат на тоа дека станува збор за уред од соништата, но ќе мора да почекаме до септември, односно до IFA саемот во Берлин, кога од Samsung најверојатно ќе претстават овој смартфон.