Кралство Енклава: По Либерланд, меѓу Хрватска и Словенија се појави уште една "држава"

Точка

12/05/2015

19:44

4.027

Големина на фонт

а а а

Помеѓу Хрватска и Словенија, на само 50 километри од Загреб, еден Полјак ја основал најмалата држава во Европа, од 100 квадратни метри, пишуваат денес хрватските медиуми.

Откако Вид Јеличка помеѓу Хрватска и Србија ја воспоставил фиктивната држава "Либерланд", истото го направил и Полјакот К. Врона, објавила веб страната 24.sata.hr.

"Кралството Енклава" е основано на земја меѓу словенечка Брезовица кај Метлиќи и Брезвоица Жумберачка, на 50 километри од Загреб.




Иако нема голема територија, "Кралството Енклава" има своја страна на интернет, како и профил на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук.

Врона себе си се прогласил за крал, а на изборите одбрал неколку министри.




"Кралството Енклава" сè уште нема знаме ниту главен град, но затоа има мото - "граѓани на целиот свет", како и своја валута - "Догекоин".

Службени јазици на оваа држава се англиски, полски, хрватски, словенечки и кинески, а оваа нова "микронација" веќе има 134 државјани, наведува хрватскиот портал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг