Карпите над лавата попуштиле под влијанието на гасовите и на крајот се срониле во лавата што предизвикало експлозија.
Лава, камења и гас летале во воздухот по експлозијата на вулканот Килауеа на Хаваите, што предизвикало рушење на ѕидот на кратерот.
Уривањето предизвикало мала експлозија, разлевање на лавата и ширење на отпадот, соопштила хавајската вулканска опсерваторија, пренесува AP. Геологот Џенет Баб од Геолошкиот институт на САД, ја споредила експлозијата со удар на чекан на врвот од шише шампањ.
"Го гледате шишето и ја гледате течноста, но не го гледате гасот", рекла таа. "Кога камењата ќе удрат во езерото од лава, тоа е како да се отсече врвот од шампањот и да се ослободи гасот", објаснила таа.
Карпите над лавата попуштиле под влијанието на гасовите и на крајот срониле во лавата што предизвикало експлозија при која биле исфрлани материјали до 280 метри во небото, прецизирала таа.
Видео снимката прикажува како камениот ѕид влегува во лавата, чие ниво минатата седмица пораснало на рекордно ниво. Езерото од лава било формирано во 2008-та година, и од тогаш подрачјето било затворено.
Последен пат ваква лава била забележана во 1982-та година, кога ерупцијата направила пукнатини, а нивото на езерото било слично на тоа денес.
Lava LAke: Hawaii #Kilauea volcano explodes after rocks fall into active crater (VIDEO) http://t.co/lzNMJ6tr6A pic.twitter.com/qQu2VcObbs
— RT (@RT_com) May 5, 2015
Уривањето предизвикало мала експлозија, разлевање на лавата и ширење на отпадот, соопштила хавајската вулканска опсерваторија, пренесува AP. Геологот Џенет Баб од Геолошкиот институт на САД, ја споредила експлозијата со удар на чекан на врвот од шише шампањ.
"Го гледате шишето и ја гледате течноста, но не го гледате гасот", рекла таа. "Кога камењата ќе удрат во езерото од лава, тоа е како да се отсече врвот од шампањот и да се ослободи гасот", објаснила таа.
Карпите над лавата попуштиле под влијанието на гасовите и на крајот срониле во лавата што предизвикало експлозија при која биле исфрлани материјали до 280 метри во небото, прецизирала таа.
WATCH: Hawaii's Kilauea volcano crater wall collapses, causing lava explosion http://t.co/qKOrLc3q68 pic.twitter.com/zC8h7GH8CB
— SBS News (@SBSNews) May 5, 2015